Користење на земјиште покрај патишта за инсталирање соларни централи
Во Швајцарија, областите покрај националните патишта годинава ќе бидат достапни бесплатно на сите заинтересирани инвеститори за изградба на фотонапонски централи. Ова би овозможило да се изградат дополнителни 55 гигавати инсталирана моќност.
Потенцијалот за овие области е голем. Анализите покажаа дека дури 55 гигавати фотонапонски капацитет може да се изградат на соодветни површини покрај националните патишта. Федералната канцеларија за патишта (Астра) веќе користи дел од потенцијалот за сопствена потрошувачка на електрична енергија, особено во близина на тунели и депоа.
За да се искористи уште подобро потенцијалот, преостанатите погодни области, како што се бариери за бучава или места за одмор, сега ќе им бидат достапни на трети лица бесплатно.
Новата регулатива која ќе стапи на сила на 1 октомври 2022 година, се однесува и на други објекти за обновлива енергија како што е енергијата од ветер или геотермална енергија.
На крајот на оваа година се очекува Астра да ја објави процедурата за аплицирање.
Во рамките на оваа постапка, инвеститорите на проекти можат да резервираат површини за фотонапонски постројки. Фокусот ќе биде ставен на бариери за бучава и места за одмор.
Деталите за процесот на аплицирање се уште не се утврдени, но, заинтересираните ќе имаат можност да аплицираат и откако ќе бидат доделени, да го испланираат и реализираат фотонапонскиот систем на соодветната површина во одредена временска рамка.
Еден од основните барања за користење на површините во сопственост на Астра е третите лица да ја пласираат сами произведената електрична енергија.
Консултација, Проектирање, Изведба и Одржување на Соларни Системи
Контакт: 075 480 380
0 Comments