Енергетски заедници – дел од спасот од енергетски колапс

Published by Zoran Mitreski on

Брзата транзиција на Европа кон одржлива иднина со ниска содржина на јаглерод нема да се случи без ангажман и вклучување на граѓаните кои произведуваат и трошат енергија локално, а факт е дека има знаци дека денес тоа и се случува низ целиот континент.
Летото на шумски пожари, суша и рекордни топлотни бранови поттикнати од климатските дефекти се комбинираа со зголемените цени на гасот и електричната енергија, по руската инвазија на Украина, за да внесе нова итност во преминот кон алтернативни, обновливи извори.
Според најновите податоци, 2 милиони Европејци сега се вклучени во 7.000 локални енергетски заедници ширум континентот, а бројките рапидно растат откако директивите на ЕУ за промовирање чиста енергија и енергетски заедници беа воведени во 2018 и 2019 година.
Тие ќе бидат клучни за зелената транзиција на Европа, бидејќи топлинските пумпи ги заменуваат котлите на гас и електричните возила ги заменуваат моторите со внатрешно согорување, високо централизираните системи за производство и дистрибуција на електрична енергија – централи и мрежи – едноставно нема да можат соодветно да се справат со огромниот пораст на побарувачката.
Единствениот пат напред е да се децентрализира се повеќе и повеќе, да се произведува и троши повеќе енергија на локално ниво со извори како што се: сончевата, ветерот, хидро и био енергијата – и да се зајакне складирањето преку паметни решенија за ефикасно управување со енергијата.
Сето тоа значи вклучување на обичните граѓани.
Како што стојат работите, Европа не е ниту приближно близу да ја исполни својата цел за намалување на емисиите на стакленички гасови за 55% во следните осум години, освен ако итно не работиме на улогата што ќе треба да ја играат секојдневните граѓани, а за да стигнеме таму, треба експлицитно да ја препознаеме социјалната страна на енергетската транзиција.
За среќа, технологијата сега го овозможува тоа. „Се собираат многу луѓе и здружуваат во локални енергетски заедници“, рече Мајкл Пинто од CleanWatts од Португалија, кој организираше финансирање, дизајнираше и инсталираше системи за производство, складирање и тргување со електрична енергија, како и контрола и оптимизирање на потрошувачката за 100 заедници во Португалија и со потенцијал на други 2.000 заедници кои чекаат на ред.
Имаме потреба за електрична енергија која многукратно се зголемува а од друга страна мрежи кои нема да можат да се справат со тој капацитет. Сепак, денес имаме одржливи соларни панели кои се со конкурентна цена, и паметна технологија за ефикасно мерење, управување и балансирање на производството, складирањето и потрошувачката.
Тоа значи дека опциите се во основа – затемнување, голема нестабилност и целосно обновување на националните мрежи, или промена на начинот на кој електричната енергија се произведува, испорачува и троши – тоа се локалните енергетски заедници.
Во Холандија, на пример, заедницата Грунегер Пауер во Гронинген, има 2.500 членови кои задругата ја формираа поради страста и фрустрацијата на луѓето поради бавното темпо на владината зелената транзиција.
Задругата поседува два соларни паркови со вкупно над 10.000 панели, како и помали локации на домови и згради низ градот, генерирајќи зелена електрична енергија што исто така ја продава на локалната енергетска компанија, со профит од кој сите во колективот имаат финансиска корист.
Во Италија, Франција, Германија и останатите западно европски земји, постојат многу енергетски заедници кои поради енормното зголемување на цената на енергијата прават значителен развој и одржливост на локалните фирми, фабрики, магацини, трговски центри итн.
Она што е фундаментално е дека почнува да се произведува енергија таму каде што се троши, а тоа можеме да го направиме сега поради обновливите извори на енергија, така да околу 20 отсто од енергијата произведена во градовите треба да доаѓа од енергетските заедници.
Според многу анализи повеќе од 80% од домаќинствата во ЕУ би можеле да играат активна улога во енергетската транзиција, што за нас во Македонија е мисловна именка поради несоодветниот однос од страна на институциите кои се обврзани да ни обезбедат комфорна енергетска независност.
Консултација, Проектирање, Изведба и Одржување на Соларни Системи
Контакт: 075 480 380

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *