Биопанели со алги произведуваат струја и водород и апсорбираат СО2

Published by Zoran Mitreski on

Светот се наоѓа пред голем предизвик, да го зачува она малку здрав воздух кој ни е преостанат, а од друга страна да се продолжи животот со урбанизација и други неопходности кои би требало да ја оправдаат нашата замисла за иднината на современите градови.
Според досегашниот начин на нашето опстојување тешко е да се зборува за некаква екологија а уште помалку за некаков здрав начин на живот.
Не е мал бројот на оптимисти кои се уверени дека поради здравјето не мораат да се одрекуваат од се она што го сочинува модерниот живот во современите градски услови, за да би се населиле во некоја куќа од кал на некоја планина.
Обновливите извори на енергија, електричните автомобили, всисувачи на СО2, одржлива енергетска градба и многу други технолошки решенија кои на урбаните средини можат да го вратат квалитетниот кислород и овозможи одржлив развој.
Мексиканскиот стартап Grinfluidiks привлече огромно медиумско внимание со претставувањето на своите иновативни биопанели кои филтрираат СО2, при што во тој процес ослободуваат кислород и произведуваат електрична енергија.
Концептот на биопанелите се состои од две стакла меѓу кои се наоѓа вода со алги. Технологијата на панелот е да овозможува на јаглен двооксидот да струи низ растворот со алги и во процесот на фотосинтеза да ги конвертира во шеќер и кислород. Алгите брзо се размножуваат креирајќи биомаса која во вид на кашасти цветови се одведува во уредот за производство на електрична енергија.
Воедно, панелите создаваат пријатна зеленкаста сенка во секој простор при што ја симнуваат температурата во летните месеци а со тоа и потребата од вклучување на клима уредите.
Со овој концепт се добива и друга предност која ја објави директорот на Grinfluidsiks Migel Majorga, со најавата за воведување на нанофлуид кој ја зголемува термичката проводливост на водата, а оваа топлина директно ќе се трансформира во електрична енергија преку термо електричен генератор што биопанелите ги доближува до стандардните соларни панели.
Очекуваното годишно производство на струја е 328 kWh, додека еден панел заштедува 200 kg СО2 на годишно ниво.
Можеби баш овие панели се тоа што ни треба за што поголема оджливост на градовите во иднината, со оглед на тоа што можат да ги заменуваат прозорите на големите згради и објекти, хотели, ресторани, куќи итн. со тоа што мора да се признае дека сите тие би изгледале доста футуристички.
Консултација, Проектирање, Изведба и Одржување на Соларни Системи
Контакт: 075 480 380

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.