Не постои успешна економија во светот без сопствена евтина електрична енергија
Светските влади во времето на Ковид 19 се концентрираат во изнаоѓање на соодветни решенија за паметно искористување на ограничените расположиви финансиски средства, кои наместо да бидат пласирани во фирмите за отпуштање на вработените и пасивно надминување на овој период кога пазарите се губат и огромен број на фирми од сите дејности банкротираат, да се употребат во ангажман на што повеќе работници во изградба на енергетски проекти за обновлива енергија.
Неопходно е да разбериме дека не постои ниту една земја во светот која има добра економија а да не се потпира на своја сопствена евтина ел. енергија од свои извори.
Македонија има неверојатно одлични услови за производство на ел. енергија од сите обновливи извори (сонце, вода, ветар), кои поради бирократските процедури а најмногу поради балканскиот скептицизам, заостануваме далеку позади земјите кои имаат многу полоши природни услови за експлоатација.
Додека има структури кои инсистираат на пасивност во овој период, со визионерство на одговорните луѓе и институции кои ја водат оваа држава и нашите животи, можеме овој период наместо да го прогласиме за губитници – да постаниме добитници и изградиме што повеќе свои сопствени енергетски системи и престаниме со зависноста од скапата увозна енергија.