Нуклеарната енергија е извор на нискојаглеродна електрична енергија, но со нејзиното производство се создава опасен радиоактивен отпад што треба да се чува безбедно и трајно.
Најновите истражувања сугерираат дека со зголемувањето на морињата, некои објекти за складирање на нуклеарен отпад се изложени на ризик од поплавување или штета од невреме.
Тимот на Сара Џордан од Школата за напредни меѓународни студии на Универзитетот Џон Хопкинс, за таа цел разгледа 13 објекти долж брегот на САД.
Откриле дека ако морињата се издигнат околу 4.5 м – што е можно до крајот на векот – повеќе од половина од местата за складирање на отпад ќе бидат директно по работ на водата или дури и опкружени со вода.
Значи, таа вели дека е од клучно значење да се предвидат овие долгорочни ранливости и да се преземат активности.
„Секако има начини на кои сега може да се управуваат со тие ризици“, вели Џордан.
На пример, по пет години, потрошеното гориво може да се премести во суви буриња. Ова е побезбеден метод за долгорочно складирање од базените за ладење каде што во моментов се складира многу потрошено гориво.
Значи, од клучно значење за креаторите на политиките е да ги разберат ризиците во нуклеарните постројки и да создадат регулативи и политики за да обезбедат поголема безбедност.
Некои од најголемите светски иновации се создадени случајно, а ова можеби е најновото што ќе се додаде на таа листа. Студентка на Универзитетот во Калифорнија во Ирвин случајно открила батерија на полнење која може да Read more…
Хемиски инженери од École polytechnique fédérale de Lozanne (EPFL) развија транспарентна, порозна и спроводлива електрода на соларна енергија, која користи влезен проток на влажен воздух за производство на H2. Подлогата на електродата е тродимензионална мрежа Read more…
Европската вселенска агенција (ESA) преку проектот SOLARIS ги истражува сите иновативни технологии кои можат да се користат за примена на сончевата вселенска енергија во пракса, односно безжично пренесување на која било област на Земјата. Еден Read more…
0 Comments