Водород – гориво на иднината

Published by admin on

Банката во Америка предвидува дека индустријата за водород е централен интерес на инвеститорите, со спремност за инвестиции во нејзино производство до 11 трилиони долари.
После неколку децении на лажни стартирања и редовни препреки од разни моќници, на кои не им одговара нејзиното производство, сега се чини дека е на вистинскиот пат и економијата на водород е подготвена за големиот раст.
Во текот на 2020 година, земјите и индустриите ширум светот објавија намери за финансирање во овие водородни системи, така да превземени се големи активности ширум светот за инвестирање во технологии за производство, транспорт, дистрибуција и складирање на Н2.
Како резултат, индустриските експерти предвидоа дека ова гориво може да стане успешна глобална замена за гас и нафта, и колку порано се делува толку подобро за светските економии.
Според анализите и математиките веќе ништо не може повеќе да го запре развојот на Н2 на глобално ниво, на пазар вреден над 11 трилиони долари.
Сеуште има некои кои веруваат дека предвидувањата се премногу оптимистички, особено после оцрнувањето на Н2 за толку долго време во минатите децении, сепак индустријата веќе ги доживеа чекорите потребни за таква експлозија на пазарот.
Европската Унија ја објави својата стратегија за водород, како важен дел од нејзината цел до 2050 година за неутралност на јаглерод во сите индустрии, така да веќе се превземаат конкретни чекори за изградба на најмалку 40 гигавати електролизатори.
Земји како Австралија, Јапонија, Кина и Канада, како и неколку сојузни држави во САД, исто така, објавија стратегии кои укажуваат на големо потпирање на водородот, како извор на гориво без емисија.
Зелените лидери за производство на H2 во светот се движат кон амбициозна цел за зголемување на 50 пати поголемо производство од сегашното во следните шест години.
Тие имаат намера да достигнат производство на зелен водород до 25 GW, до крајот на 2026 година, со што цената на обновливата енергија се спушти на 2 американски долари за килограм, што го прави веќе конкурентен со фосилните горива.
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

%d bloggers like this: