Во очекување на нова железничка линија со возење на над 1000 km/h

Published by admin on

 

Јужно Корејскиот институт за интражување на железница (KORAIL) само што објави дека нивниот воз – “Хипер Цевка”, постигнал брзина од 969 km/h за време на тестирање на системот.
Ова претставува огромно достигнување во трката на создавање на најбрзиот систем на возови во светот.
Хипер цевка е верзија на хиперлупот во Јужна Кореја, која работи од 2017 година.
Минатиот септември, новиот систем имаше постигнато 714 km/h во аеродинамично тестирање во полна вакуумска состојба.
Во меѓувреме тимот разви нова технологија за транспорт, со што се надминува ограничувањето на брзината предизвикана од отпорот на воздух и триењето на постојната брза пруга.
Благодарејќи на оваа технологија за време на неодамнешниот тест, моделскиот воз достигна брзина од 1.019 km/h при ниво на притисок од 0.001, што е близу до вакуум.
Ако оваа брзина ја споредуваме со брзината на редовните патнички авиони која е меѓу 800 – 1.000 km/h, тоа значи дека ова е импресивна брзина.
Институтот продолжува да ја рафинира својата технологија во развојот на патеката, како и во комплетирање на возот до 2022 година. Се надева првото производство да отпочне во 2024 година, намалувајќи го времето на патување од постојните 3.5 часа на 30 минути помеѓу Сеул и Бусан – втор по големина град во Кореја.
Земјата веќе има брзи возови што сообраќаат на истата линија, но владата работи врз конструирањето на што е можно посуперсоничен воз во трката во возниот транспорт.
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

%d bloggers like this: