Тендерот беше распишан од Energy Efficiency Services Limited (EESL), компанија за енергетски услуги во сопственост на владата на Индија.
Индиската државна компанија Energy Efficiency Services Limited (EESL) ги покани заинтересираните фирми во понудите да понудат збирни 317.975 парчина на соларни пумпи со моќ 0.75 – 7.5 kW за потребите на земјоделството, кои ќе се распоредат низ цела Индија, според компонентата-Б на руралната соларна шема Кисан Урја Суракса Евам Утан Махаабхијан (KUSUM).
Компонентата-Б на програмата за поддршка има за цел да им помогне на земјоделците да инсталираат самостојни пумпи за соларно земјоделство, со цел да ги заменат пумпите на дизел-погон, кои во денешно време се непрактични од многу аспекти.
Како успешни понудувачи ќе се сметаат фирми со комплет фази: дизајнирање, производство, снабдување, транспорт, инсталација, тестирање и пуштање во работа на мрежни системи за пумпање вода со соларен погон во избраните држави, вклучително и целосна гаранција, поправка и одржување на системот за пет години.
Некои од најголемите светски иновации се создадени случајно, а ова можеби е најновото што ќе се додаде на таа листа. Студентка на Универзитетот во Калифорнија во Ирвин случајно открила батерија на полнење која може да Read more…
Хемиски инженери од École polytechnique fédérale de Lozanne (EPFL) развија транспарентна, порозна и спроводлива електрода на соларна енергија, која користи влезен проток на влажен воздух за производство на H2. Подлогата на електродата е тродимензионална мрежа Read more…
Европската вселенска агенција (ESA) преку проектот SOLARIS ги истражува сите иновативни технологии кои можат да се користат за примена на сончевата вселенска енергија во пракса, односно безжично пренесување на која било област на Земјата. Еден Read more…
0 Comments