Успехот им припаѓа само на одлучните фирми

Published by admin on

Новата производствена и административна зграда на производителот за енергија, вентилација и климатизација Алоис Милер Група е целосно ослободена од штетните стакленички емисии на СО2.
Зелената фабрика во Унгерхаузен, со својот корисен простор од 18.000 м2 е огромен фотоволтаичен систем.
Повеќе од 200.000 соларни ќелии на покривот постигнуваат моќност од инсталирани 1.2 MW. Модулите снабдуваат доволно енергија за да работат сите електрични уреди и машини во целата производна хала, со скоро две третини само од моќта на соларната енергија.
Индивидуалните податоци за потребната енергија потребна за производството, беа собирани и оценувани во текот на неколку години.
На овој начин, потенцијалот на поместување на товарот и управување на товарот на енергија може целосно да се искористи преку интелигентен систем за планирање на ресурсите, на пример помоќните машини главно работат кога од покривот доаѓа доволно сончева енергија за да ги задоволи тие потреби.
Привремените вишоци се ставаат во систем на компримиран воздух, кој главно се случува за време на викендите.
Компанијата исто така произведува помошни материјали како целосно деминерализирана вода во сопствената постројка за обратна осмоза или азот, а за тоа може да се користи и соларната енергија во време кога производството е во застој.
Ова засега е единствената фабрика во Германија, меѓутоа не значи дека било која фирма во светот не може да го земи овој успешен еколошки и економски пример да го копира и имплементира во својата фирма било каде во светот.
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *