Светска трка за декарбонизација

Published by admin on

 

Во тек е глобалната трка за декарбонизација во која Кина веќе го превзеде водството.
Трендот да се елиминираат емисиите на јаглерод диоксид ќе биде „четвртата револуција“ по оние во земјоделството, индустријата и информациите, каде сите нации ја почнаа битката за што подобри ефекти и повисоки резултати во трката за елиминација на емисиите на јаглерод диоксид.
Светските влади дадоја ветување дека ќе ги намалат емисиите на стакленички гасови на нето нула до 2050 година и веќе ја отпочнаа трката за што подобра позиција во мултинационалниот натпревар, но сепак Кина е таа што стои на највисоката позиција поради техничката и ценовната конкурентност на нивните производи на светскиот пазар.
Вкупно 40% од целиот капацитет за производство на соларна енергија во светот се изградени во Кина, а со тоа и учеството на земјата во глобалната електрична енергија произведена од сонцето скокна од 2% во 2010 година на 32% во 2018 година.
Кинескиот претседател Кси Џинпинг, во септември минатата година објави дека Кина ќе ги намали емисиите на СО2 на нето-нула најдоцна до 2060 година, што резултира со недостаток на стакло за производството на соларни панели.
Цената на електричната енергија ќе биде нешто повеќе од 4 центи за kWh, поевтина од онаа што ја создаваат повеќето централи што се напојуваат со јаглен или гас низ целиот свет.
Според Обединетите нации, 126 земји и региони (63% од вкупните земји) се обврзаа да достигнат нето-нула емисии.
На глобалниот пазар за соларни панели, засега доминираат кинеските компании, вклучувајќи ги: JinkoSolar, JA Solar, Trina Solar, LONGi Solar, Hanwha Solar, GCL-Sl, Talesun, First Solar and etc.
Постојат повеќе технологии за отстранување на СО2 од атмосферата а како најефикасен систем е моделот опремен со десетици вентилатори, секој со дијаметар од околу 1 метар, кои ќе го всмукуваат СО2 од атмосферата и ќе го претвораат во карпа на 2.000 метри под земјата.
Земјоделската револуција во 18 век го зголеми производството на жито, индустриската револуција на крајот на 18 век драматично го зголеми производството на стоки, информатичката револуција на крајот на 20 век доведе до дигитализација на општеството, додека сега светот се соочува со првиот чекор на најновата револуција на декарбонизација.
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

%d bloggers like this: