Субвенции за соларни системи до 50 kW

Published by Zoran Mitreski on

Австриското Министерство за заштита на климата, става на располагање уште 20 милиони евра за изградба на приватни и комерцијални соларни централи. Ова е итно потребно за да се премости јазот до почетокот на финансирањето според најавениот Закон за Обновливи Извори на Енергија.
Субвенцијата е наменета за приватни домаќинства и мали претпријатија кои инсталираат систем со моќност до 50 киловати. Тие добиваат инвестициски грант од 150 до 250 евра за киловат инсталиран систем – во зависност од големината на системот.
Со ова, министерката за заштита на климата Леонор Гевеслер (Партија на зелените) го наполни буџетот за субвенционирање во вистинско време, пред целосно да се испразни. Сега се достапни дополнителни 20 милиони евра за нови проекти, како мост до новото финансирање.
Ова премостување е од огромно значење за индустријата во Австрија, затоа што годинешните субвенции беа речиси целосно искористени. Според тоа, имаше многу неизвесност во последниве неколку недели, што претставуваше голем предизвик за монтерите и потенцијалните оператори на овие системи – според Вера Имицер, управен директор на Федералната асоцијација за фотоволтаици во Австрија. „Затоа, зголемувањето што го бара PVA беше неизбежно. Со зголемувањето што сега се случи, оние приватни лица, како и малите и средни претпријатија кои сеуште сакаат да се потпираат на обновлива енергија од сончевата енергија во текот на летово можат да ги имплементираат своите системи“.
Неминовно, тука се поставува прашањето, кога веќе толку се стремиме кон копирање на законите кои важат во Европската Унија, зошто кај нас не се дозволува изведба на покривите од приватните куќи инсталирана моќност до 50 kW, како што всушност е и во нашето опкружување, па со години со сила се правиме како да не сме од оваа планета (за субвенции дури и да не спомнуваме)???!!!…..
Консултација, Проектирање, Изведба и Одржување на Соларни Системи
Контакт: 075 480 380
zmitreski@efixelectrical.com.mk
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

%d bloggers like this: