Најголемата фарма за пилешко месо во Бланчетаун во Јужна Австралија, значително ја намали сметката за потрошена електрична енергија, откако инсталираше еден од најголемите соларни и батериски системи за свои потреби.
Тврдат дека пред да го инсталираат овој систем, трошоците за енергија, превземенa од јавната мрежа достигнувала до 1 милион долари, а според инвестицијата што ја направиле со цена од 5 милиони долари, успеале да ја намалат потрошувачката за околу 70%, одржувајќи при тоа 42 бараки од своите сопствени енергетски извори.
Инвеститорите убедуваат дека ваков систем може одлично да функционира во сите области во земјоделството, сточарството и живинарството.
Во зависност од пазарот торнусот на пилина е од 3 до 5 недели, а соодносот на конверзија на храна од 1.5 значи дека тие јадат 1.5 kg житни протеини за да станат 1 kg месо, со торнуси од околу 10 милиони птици на годишно ниво.
Постигнат е сериозен успех со тоа што од отпадокот создале корисно ѓубриво кое се продава на слободниот пазар, и од тоа дури успеваат да заработат сериозни финансиски средства.
Повеќе од 50.000 m3 валкана слама и ѓубриво, редовно се превртуваат, обработуваат во процес од кој се добива компост богат со хранливи состојки, кој потоа се нуди на отворениот пазар, при тоа се создава спектакуларна заработувачка и избегнувајќи над 1.500 тони штетни емисии. Претходно за решавање на проблемот за отстранување на отпадокот се трошеле над 200.000 долари на годишно ниво.
Комбинацијата сточарство, живинарство заедно со земјоделство е одличен склад за производство на вакви компости, кои наместо проблематичен отпад, може истиот да се пренамени во профитабилен производ.
Доколку енергијата е добиена од сопствен соларен систем, може да се креира супер профитабилна фарма, без обзир каква живина одгледува.
Консултација, Проектирање, Изведба и Одржување на Соларни Системи
Некои од најголемите светски иновации се создадени случајно, а ова можеби е најновото што ќе се додаде на таа листа. Студентка на Универзитетот во Калифорнија во Ирвин случајно открила батерија на полнење која може да Read more…
Хемиски инженери од École polytechnique fédérale de Lozanne (EPFL) развија транспарентна, порозна и спроводлива електрода на соларна енергија, која користи влезен проток на влажен воздух за производство на H2. Подлогата на електродата е тродимензионална мрежа Read more…
Европската вселенска агенција (ESA) преку проектот SOLARIS ги истражува сите иновативни технологии кои можат да се користат за примена на сончевата вселенска енергија во пракса, односно безжично пренесување на која било област на Земјата. Еден Read more…
0 Comments