Соларните системи се приоритети на сите влади во светот

Published by admin on

Казахстан со 2.200 – 3.000 сончеви часови годишно, претставува многу интересна земја за инвеститори на овие системи. Изградената централа од 50 MW со систем на тракери, овозможи 3.8% поголема ефикасност во реалност, отколку во симулираните лабораториски пресметки.
Таа е една од 37-те PV постројки што моментално се наоѓаат во Казахстан, кои произведуваат моќна ел. енергија и покрај екстремните временски услови со силни песочни бури и сурови климатски услови.
Најниската температура е минус 27 а највисоката 42 целзиусови степени.
За ваков дијапазон на температурни разлики неопходно е да се инсталираат високо квалитетни инвертери кои можат да го извлечат максимумот од панелите.
Такви се само неколку брендови во светот, а ние со задоволство ви го предлагаме брендот на ФРОНИУС, кој извлекува максимум од системите 99.996% при дијапазон на температурни разлики од минус 30 до плус 60 степени.
Подржуваат напонско подрачје од 200 – 1.500 VDC со што се овозможува функционирање на пониска граница на работен напон и отпочнување со ефективна работа од раните утрински часови, и се исклучуваат во доцните попладневни часови, што значи поголема ефикасност во производството на ел. енергија.
Според податоците на Министерството за Енергетика на Казахстан, во првиот квартал на 2020 год. земјата генерирала 548.4 милиони kWh електрична енергија користејќи обновливи извори од кои 35.7% се генерирани од фотоволтаичните системи.
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *