Соларните системи ги заменуваат бучавите дизелови во Јукон
Градот Олд Кроу – Јукон, ќе го исклучи поголемиот број на своите бучни, загадувачки дизел генератори за прв пат по 50 години, откако новата национална соларна фарма Вунтут Гвичи н ќе го достигни целиот потребен капацитет во јули.
Во јули, се очекува да биде целосно оперативна, способна да ги задоволи потребите на заедницата, до степен на сите досегашни дизел генератори. Некои од нив датираат од 70-тите години на минатиот век, пренесува локалната зедница која тврди дека дека фармата ќе заменува 190.000 литри дизел гориво секоја година“, а тоа е околу 25% од вкупната потреба на заедницата.
Проектот ќе компензира 750 тони емисии на стакленички гасови годишно, без вклучено јаглеродно загадување произведено при употребата на дизел горивото.
„Тишината создадена од соларните системи зборува многу гласно“, рече шефот на Вунтут Гвичин, Дата Тизија – Трам за сезонското исклучување на дизеловите агрегати.
Со симболиката во исклучувањето на тие генератори се подразбира дека заедниците постануваат поодржливи и се посамостојни како што биле нивните предци. Старешините на заедниците секогаш велат кога ќе се постигне одредена возраст, тогаш треба да се работи на создавање основа за следната генерација. Ова е процес кој трае илјадници години и тој мора да се пренеси од генерација на генерација.
Арктичкиот совет го профилира проектот од 940 kW како одличен пример за далечна и надвор од мрежната заедница, која ја зема својата одржлива енергетска иднина во свои раце, стекнувајќи се со енергетски суверенитет и гарантирајќи чисто снабдување со електрична енергија на нејзините домаќинства.
Тоа е успешна приказна за домородната заедница која делува како застапник на проектот и сопственик на нејзината инфраструктура, продавајќи ја својата енергија на ATCO Electric со седиште во Едмонтон, што ќе им овозможи со продажбата на вишокот на енергија на компанијата да им помогне финансиски да инвестираат во дополнителни проекти за обновлива енергија.
КОНСУЛТАЦИЈА, ПРОЕКТИРАЊЕ, ИЗВЕДБА И ОДРЖУВАЊЕ НА СОЛАРНИ СИСТЕМИ
Контакт: 075 480 380
0 Comments