Соларна велосипедска патека

Published by Zoran Mitreski on

Употребата на велосипеди и потребата од велосипедски патеки е се поизразена во модерниот превоз во градовите во денешно време. Мобилноста, всушност, се менува и се повеќе е насочена кон одржливи и еколошки решенија.
Имајќи го ова на ум, архитектот Питер Куција ја реинтерпретира типичната патека за велосипедизам преку одржлив објект и го конципираше Соларниот Велорут, мултифункционална фотоволтаична патека за велосипеди, мопеди и пешаци. Се состои од структура на фотонапонски тунел што служи како сончева крошна, како и јавен објект каде што корисниците можат да уживаат во осветлените патеки ноќе и станиците за полнење на велосипеди, мопеди, паметни телефони итн.
Концептот на овие велосипедски патеки е претставен како делумно затворена заоблена патека, заградена со надредени нерефлектирачки стаклени соларни панели, прицврстени на челични кружни цевки. Овој соларен покрив има двојна функција: да ги заштитува велосипедистите и пешаците од сонцето, како и во останатите временски услови, и истовремено да произведува електрична енергија од сонцето. Фотоволтаичниот систем собира електрична енергија генерирана од сончевата енергија во текот на денот, што може да се користи за станици за полнење на самото место и осветлување, додека собраната вишок енергија може да се дистрибуира за дополнителни услуги. Според пресметките на Питер Куција, само еден километар структура Соларен Велорут може да обезбеди околу 2.000 MWh електрична енергија која би била соодветна за напојување на 750 семејства, или да обезбеди енергија на повеќе од 1.000 електрични автомобили што поминуваат 11.000 км годишно.
За да се осигура дека овие велосипедски патеки служат и како едукативни искуства за јавноста, Куција постави панели за прикажување и постери со информации за придобивките од користењето на сончевата енергија на глобално ниво.
Проектот е создаден за области во Швајцарија и Дубаи, но може да се прилагоди на која било локација и климатска зона. Структурата е целосно прилагодлива, а бројот на редови на панели, растојанието помеѓу модулите, како и нивната наклонетост можат флексибилно да се променат за да одговорат на локалните услови.
КОНСУЛТАЦИЈА, ПРОЕКТИРАЊЕ, ИЗВЕДБА И ОДРЖУВАЊЕ НА СОЛАРНИ СИСТЕМИ
Контакт: 075 480 380
zmitreski@efixelectrical.com.mk
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

%d bloggers like this: