Соларен систем во ноќни услови

Published by admin on

Дизајнери од Универзитетот Дејвис во Калифорнија објавија труд каде соларни ќелии можат да функционираат во ноќни услови и притоа да произведуваат ел. енергија до една четвртина од конвенционалните соларни ќелии, со тоа што се овозможува поголемо производство на енергија од било кога и да е досега.
Стакленичките гасови произведени од фосилните извори на енергија се голем загрижувачки проблем, со ефекти како што се зголемувањето на температурите, зголемен ризик со респираторни заболувања како резултат од смог и загадување на воздухот, екстремни временски услови, зголемени пожари и нарушување во производството на храна.
Конвенционалните соларни ќелии ја апсорбираат сончевата светлина, а овие ќелии го користат објектот што е потопол од неговата околина и ќе зрачи со топлина во форма на инфрацрвена светлина.
Тимот го користи принципот на развој на нивната терморадијативна ќелија која произведува енергија со зрачење на топлина кон нејзината поладна околина.
Бидејќи надворешниот простор е далеку постуден од Земјата, клетките испуштаат топлина нанадвор во форма на инфрацрвена светлина.
Конвенционалните соларни ќелии ја апсорбираат светлината и при тоа произведуваат струја дозволувајќи да се појави напон низ уредот, додека терморадијативните ќелии наместо да ја апсорбираат – емитуваат светлина, и на таков начин иницираат струја и напон во спротивна насока. Поради тоа на овие системи се гледа како на извор број еден за енергија на иднината.
Овој вид на модифицирани соларни ќелии теоретски може да генерираат енергија 24 часа на ден и ноќ, нудејќи бесплатна енергија за неколкуте децении што доаѓаат.
Се очекува наскоро овие ќелии да бидат ставени во функција, помагајќи да се зголемат капацитетите за обновлива енергија и се овозможи премин од фосилните горива во обновливи извори.
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *