Соларен систем, сточна фарма и земјоделие

Published by admin on

Австрија масивно ги промовира обновливите извори на енергија. На барање на енергетската компанија WIEN ENERGIE проектот од 12.5 MW го реализира MAXSOLAR, фирма од Германија, систем поставен на земја, на некогашна чакалска депонија.
Проектот ќе има агроволтаичен елемент, бидејќи 150 планински овци ќе пасат меѓу 25,780 соларни панели како ‘залутани косилки’ помеѓу април и октомври секоја година.
Планерите исто така размислуваат да вклучат и земјоделско производство во проектот.
Со цел да се понудат на овците оптимални пасишта, се сее дополнително семе на пасиштето. Фотоволтаичните модули се поставени малку повисоко и сите електрични компоненти се добро заштитени.
Двофацијалните модули за што повисоко производство на ел. енергија се ориентирани кон исток – запад, кои нудат засолниште на овците, а користењето на земјоделска механизација е во функција на земјоделското производство на разни култури, што се одгледуваат меѓу редовите.
На ваков начин на искористување со тројна употреба, вредноста на системот се надоградува со 60% поголема ефикасност.
Ако системите се дизајнираат внимателно, истите се вклопуваат идеално во концептот за заштита на климата, како и позитивен ефект врз заштитата на животната средина, земјоделството и зачувувањето на природата.
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

%d bloggers like this: