Систем за складирање на природен водород
Германски снабдувач на гас гради пештера за складирање на водород.
Пештерата ќе се гради во Рудерсдорф, непосредна близина на Берлин, на длабочина од околу 1.000 метри и со димензии 500 м3, со можност за складирање од 5-6 тони водород. Предвидено е да се започне со изградба во февруари 2021 година а да отпочне официјално со работа во пролетта 2022 година.
Институтот DLR за мрежни енергетски системи во Олденбург, меѓу другото ќе го испита квалитетот на водородот за време на складирањето, како и откако ќе биде извлечен од складираниот пештерски систем.
Ако во овој случај се задоволат очекуваните резултати, проектот може да се повтори со 1.000 пати поголем волумен.
Целта е да се користат системи со волумен од 500.000 кубни метри, во кои би можела да се смести Ајфеловата кула.
Инвестицијата за проектот е околу 10 милиони евра, кој е целосно финансиран од Федералното Министерство за Транспорт и Дигитална Инфраструктура.
Од 2007 година во пештерите во Рудерсдорф веќе се складира природен гас, создаден во подземна солена карпа а пробната шуплина се создава со измивање на солената карпа со свежа вода.
0 Comments