Самостоен соларен/ветерен/батериски систем

Published by admin on

 

Бразилски истражувачки тим изврши проценка на перформансите на PV во зграда со нула емисија со изведен соларен / ветерен систем и станица за полнење на електрични возила, лоцирана во Флорианополис.
Намената не била да се зголеми производството на електрична енергија за продажба, туку да се постигне компромис помеѓу естетиката на зградата и излезната енергија.
Тоа е постигнато со 111 kW PV систем инсталиран на неколку расположиви единици преку покривите и фасадите.
Инсталацијата, која се потпира на различни типови на технологии, како и поврзана со серија на енергетски батерии со комбиниран капацитет на складирање од 260 kWh.
Во анализата се земени во предвид: потребите на жителите од зградата, надградбите на инсталираната моќност на соларните системи, употребата на електричните возила, експерименти за истражување и развој, повремени барања за некои застои на системот, месечното производство и потрошувачката на енергија со која е избегната скоро потполно емисијата на штетните стакленички гасови СО2.
Потрошувачката на енергија е пресметана со сметките за потрошена енергија и собраните податоци од инвертерите.
Оваа методологија е применлива за било која локација.
За време на периодот на набљудување, само 2% од енергијата што ја има потрошено зградата беше обезбедена од локалната компанија СЕЛЕСК, и ако сите PV системи работеа со полн капацитет, без да се земи во предвид одземената енергија за електричните возила, овој процент ќе беше НУЛА.
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *