Рециклирање на соларните панели

Published by admin on

Употребата на терминот ’’Кружна Економија’’ расте буквално во секоја индустрија ширум светот, при што неминовно се вклучени и производите од соларните системи.
Иницијативата потекнува од привлекување на вниманието на јавноста преку стоки за широка потрошувачка и криза со пластичниот отпад на глобално ниво.
Услугите во овој период за рециклирање на материјалите од секторот ветер и сонце бавно се развиваат.
За повеќето фирми ова е проблем кој би се чувствувал и третирал многу далеку од денес, иако има за што да се грижиме во овој момент и денес.
Околу 26.000 тони PV панели ќе завршат како отпад оваа година. Ова е само мал дел од глобалниот отпад од електроника, кој изнесуваше 54 милиони тони во 2019 година.
Најголемиот ефект од соларните панели се случува во првите 25-30 години, така што повеќето инсталирани панели се уште во функција на терен, произведувајќи електрична енергија.
Еден дел од модулите кои завршуваат како отпад денес, најчесто се оштетуваат поради природни непогоди или предвреме се деградирале поради дефект во производствениот процес, а други се извлекуваат од функција за да бидат заменети со понови и поефикасни од најновата технолошка генерација.
Се проценува дека во 2050 година годишниот отпад од PV ќе изнесува 10 милиони тони на глобално ниво.
Проценето е дека 76% од тежината на панелот е стакло, што претставува само 4% од теоретски обновената вредност.
На отфрлените панели им се одзема алуминиумската рамка и разводна кутија кои се носат во депонии за метал и пластика.
Околу 85% од материјалите во PV панел можат да се обноват преку рециклирање на истите. Иако механичкото рециклирање е ефикасно во враќањето на најголемиот дел од материјалите во соларен PV панел, тоа не може да ги поврати највредните материјали како среброто и силициумот кои претставуваат 62% од вредноста што може да се добие од кристален силициумски модул. Единствено можат да се обноват овие материјали исклучиво само при хемиско рециклирање, кое користи хемиски реакции и растворувачи за да ги раздели материјалите.
Во суштина, рециклирањето соларни панели е размена на вредноста помеѓу трошоците и наплатата на материјалот.
За жал, на пазарот во Македонија се појавуваат стари половни панели по атрактивни цени, со веќе истрошена функција и употребна вредност, со преостанат животен век од само уште неколку години.
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *