Реализиран сонот на Никола Тесла за безжичен пренос на електрична енергија

Published by admin on

 

Пред еден век, најголемиот пронаоѓач на модерната ера, Никола Тесла покажа дека е можно пренесување на електрична енергија без користење на жици.
Сега, енергетски стартап по име Емрод од Нов Зеланд, излезе со решение за пренос на електрична енергија безжично.
Тоа е вистинско решение за проблемите со напојување и дистрибуција низ целиот свет.
Според основачот на Емрод – Грег Куснир, „Имаме изобилство на чиста хидро, соларна и ветерна енергија на располагање низ целиот свет, но испораката на таа енергија е многу скапа користејќи ги традиционалните методи, на пример, офшор фарми на ветер или Кук Теснецот, тука во Нов Зеланд бара подводни кабли чија инсталација и одржување е многу скапа“.
Безжичниот пренос на енергија вклучува испраќање на енергија од една до друга локација без потреба од бакарни жици. Тоа е прилично слично како на полнење на мобилен телефон безжично, но во многу поголем обем.
Емрод ја користи својата комерцијална форма на сноп, метаматеријали и технологија на рекната.
Како работи технологијата? Потребна е преносна антена за испраќање на енергијата и антена за примање и исправување на зракот назад како електрична енергија.
Релето помеѓу двете антени служи за истегнување на растојанието што може да го помине енергијата.
Нормално, ваквата технологија се чини непрактична поради проблемите што се должат на губење на јачината на сигналот при пренесување преку воздухот, но технологијата на релето на Емрод го овозможува тоа со фокусирање на зракот, без губење на каква била моќност. Ректената ги трансформира магнетните бранови во електрична енергија. Квадратниот елемент монтиран на столб служи како точка на минување, што одржува електричната енергија да зрачи заедно, а пошироката површина помага да се фати целиот бран.
Гредите користат електромагнетни фрекфенции во ISM опсегот како што се користат во Bluetooth или WiFi. Исто така, преносот од точка до точка гарантира дека енергијата не се губи околу зракот. Ласерската ограда со мала моќност го опкружува зракот и спречува да биде пресечен или прекинат.
Ако нешто го пресекува зракот, на пр. птица, тој веднаш се исклучува, што значи дека птица или било кој предмет не може да биде повреден, за разлика од 5G технологијата што шири електромагнетни зрачења насекаде, кои неизбежно поминуваат и низ човечкото тело.
Енергијата може да се донесе на подалечни и недостапни места кои едноставно не можат да си дозволат физичка инфраструктура потребна за дистрибуција на електричната енергија, нарочито оние места кои исклучиво се потпираат на дизел генераторите.
Безжичен пренос на електрична енергија може да овозможи пренос и на енергијата од системите на обновлива енергија.
За да работи преносот на безжична електрична енергија, единствениот услов е да се има директна линија на визуелност од едниот до другиот крај на локациите.
Со понатамошно скалирање и прилагодување, технологијата Емрод може да напојува електрични возила и беспилотни летала „во лет“.
Според основачот, технологијата најпрво ќе биде тестирана со испраќање на неколку киловати на пократки растојанија на територијата на Нов Зеланд.
Оптоварувањето и растојанието на напојувањето може да се зголемат до која било граница со поголеми ректени.
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *