PVT хибридни панели

Published by admin on

Во многу дејности и објекти (индустриски објекти, болници, хотели, спа центри, куќи, згради, детски градинки итн.) неопходна е не само електрична енергија, туку и топла технолошка вода.
Ви го предлагаме хибридниот систем, каде двата системи функционираат взаемно како една единица, и си помагаат во нивниот коефициент на корисно дејство. За најефикасно производство на ел. енергија кај фотоволтаичните системи, најдобра е амбиенталната температура од минус 25 до плус 25 целзиусови степени.
Монокристалните панели покрај поголемиот коефициент на производство од 10% имаат повисока работна температура од поликристалните, така да со одведување константно на температурата со помош на вградениот термички систем за топла вода, за иста таква површина со инсталирани единечни соларни системи добиваме и до 3 пати поголема количина на загреана техничка вода до 55 степени, а воедно производството на ел. енергија од фотоволтаичниот дел е до 20% со поголема ефикасност. Со овие техничко технолошки карактеристики предлагаме сите заинтересирани кои користат поголема количина на технолошка топла вода, да направат добра анализа пред да се реализира ваков проект, за да се задоволат сите потреби на инвеститорот за неколкуте децении што доаѓаат, и после повратокот на инвестицијата на опремата, произведената ел. енергија и топлата технолошка вода – цената биде НУЛА денари!!!
ЕВТИНА ЕНЕРГИЈА – ЕВТИН ПРОИЗВОД – СИЛНА ЕКОНОМИЈА
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *