Првиот супер-кондензатор-хибриден електричен мотоцикл во светот
Смелата француска компанија Nawa Racer, дизајнира концептен мотор во 2019 година, тврдејќи дека неговиот супер-кондензатор-хибриден пакет батерии може значително да ја зголеми моќноста и градскиот опсег за електрични мотоцикли.
Компанијата ја заврши идејата на концептуален мотор со футуристички изглед за CES 2020. Користејќи литиумска батерија од 9 kWh, се добива околу 180 км урбано возење од целосно полнење. Nawa Racer предложи додавање на ултра-кондензатор од 0,1 kWh во системот кој ќе го зголеми тој опсег до околу 300 км. истовремено овозможувајќи сериозна моќ при забрзувањето.
Ултракондензаторот од 0,1 kWh е приближно голем колку целата батерија од 9 kWh на моторот, но тие можат да се полнат и празнат многу побрзо отколку литиумските батерии.
Нава тврди дека електричните погони на батерии се ограничени во нивните регенеративни сопирачки способности со брзината со која батериите можат да се полнат.
Нагласуваме дека станува збор за градски опсег, бидејќи ултра-кондензаторот не може да направи многу за да му помогне на моторот да се бори со отпорот на ветерот при долги патувања на автопатот.
Постојат скептици кои тивко се сомневаат во валидноста на тврдењата на Nawa Racer дека нивните мотори се надвор од конкуренција, велејќи дека литиумските батерии со високи перформанси можат да прифатат полнење доволно брзо, за да нема потреба да се кочи многу често, пред да стане батеријата тесно грло и ултра-кондензаторот да почни да се обновува со доволно дополнителна енергија а со тоа се направи значителна разлика во опсегот.
Со основачот на Nawa Racer и CTO Паскал Буланџер, кои ги доставуваа првичните скици, дизајнерската работа ја работеше Envisage Group во Велика Британија, Akka Technologies ќе го развива погонскиот систем и алуминиумското тело за моторот, FAAR SAS ќе го развива системот за управување со батеријата, а нејзината подружница Pronergy работи на режимот на електронски систем за дистрибуција на енергија, способен да балансира оптоварувања помеѓу батеријата и ултра-кондензаторот за постигнување на специфични цели и задачи кои се бараат од него. Моторот ќе биде тестиран од YSY групацијата.
Овој „динамичен прототип“ се очекува да дебитира во третиот квартал од оваа година, а ние ќе го очекуваме појавувањето во најдоброто светло. Supercapacitor tech направи прилично спектакуларно деби во производствениот автомобилски свет во Lamborghini Sian, така да неговиот потенцијал заедно со електричните системи на батерии може да се покаже како менувач на игри во светот на EV.
КОНСУЛТАЦИЈА, ПРОЕКТИРАЊЕ, ИЗВЕДБА И ОДРЖУВАЊЕ НА СОЛАРНИ СИСТЕМИ
Контакт: 075 480 380
0 Comments