Првиот паметен кварт во светот

Published by admin on

Панасоник е горд што го објави почетокот на своето иновативно и единствено во светот решение, за заштеда на СО2 со паметниот градски проект, Future Living Berlin.
Инсталацијата во Берлин комбинира зелена и одржлива енергија, преку дигитално и поврзано живеење на неколку блокови во урбан дел од Берлин. Тоа се реализира преку инсталирање на паметни енергетски решенија, вклучувајќи ги високоефикасните топлински помпи, фотоволтаични панели и батерии за складирање, интегрирани во интелигентен и ефикасен систем за управување со енергија.
Future Living Berlin е фундаментално важен практичен експеримент во градењето на врвни енергетски решенија.
Енергетските експерти и софтверски инженери на Панасоник, од неговиот центар за истражување и развој во Европа, развија интелигентно решение за управување со енергија за оптимизирање на употребата на локално генерирана, обновлива енергија во комбинација со грејниот сектор. Паметната контрола комбинира топлински помпи заедно со други ефикасни, зелени технологии, како што се PV панели и опционални батерии за складирање.
Технологиите се взаемно интегрирани во ефикасно решение за заштеда на енергија, кое е постојано контролирано и оптимизирано од паметното решение за управување на системот во комбинирање на енергијата.
Со овие решенија им се овозможува на крајните корисници да ја следат нивната употреба на енергија и соодветно да управуваат со контролата на домашната амбиентална температура.
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

%d bloggers like this: