Првиот авион во светот направен и напојуван од коноп
Hempearth, канадска фирма за канабис, го дизајнираше првиот авион во светот направен и напојуван со коноп.
Конопот е не-психоактивен член на семејството канабис кој е 10 пати поцврст од челикот.
Седиштата, крилјата, внатрешноста па дури и перниците се направени од коноп.
Авионот е со распон на крилјата од 14.4 метри, може да собере еден пилот и четири патници, а најважниот дел од карактеристиките е дека како за погонско гориво користи 100% масло од коноп!!!
Конопот е полесен од традиционалните вселенски материјали како што се алуминиум и фиберглас и затоа бара многу помалку гориво за да достигне голема надморска височина.
Што е најважно, конопот е нетоксичен, одржлив, бара помалку вода и земја да расте за разлика од памукот, и во споредба со челик и јаглеродни влакна, речиси и да нема негативно влијание врз животната средина.
Познатиот светски бизнисмен и визионер Ричард Брансон појавува интерес за возможноста на овој материјал да го интегрира во своите космички ракети со кои наскоро ги планира туристичките летови низ космичкиот простор, секогаш следејќи го своето правило кое нема врска со деловен код ‘’Ако сакате нешто – земете го’’!
Како што изгледа дека небото можеби и не е граница на човечките достигнувања???!!!…
0 Comments