Прв тунел во светот наменет за бродски транспорт
Викиншката ера во Норвешка ја обедини земјата која беше недоволно населена а првите доселеници мигрираа према северниот ненаселен дел, откако масивните ледени површини се повлекоја назад кон север, завршувајќи го леденото доба.
Норвешка е земја што е опколена со морски води како скоро ниедна друга земја.
Нејзината историја е испреплетена со некогашните поморски авантури и историски истражувања на нови територии, а традицијата завзема голем дел од нивната култура која е опстаната и денес.
По повеќе од една деценија планирање, Норвешка конечно најави изградба на првиот морски тунел во поморската историја.
„Тоа е проект што се планира со децении и многу е пријатно што конечно може да се започне со градежните работи за една година “, рече менаџерот на проектот за морски тунел Терје Андреасен, зборувајќи во име на Норвешката администрација за крајбрежје за Си-Ен-Ен Травел.
Првиот од ваков вид тунел „Стад Брод“ ќе може да им дозволи на пловните објекти да избегнуваат дел од полуостровот Стадланд, кој е познат по немирното море, честите одрони на крајбрежни карпи и бродски несреќи.
„Крајбрежјето надвор од тој полуостров е најбурната област во Норвешка, со чести урагани“, рече Андреасен. „Тука имате многу чудни струи“.
Тунелот ќе ги направи патувањата на бродовите многу побезбедни и нежни, што може да доведе до дополнителна линија со брз ферибот кој ќе ги зајакне индустриските и комерцијалните активности во регионот, кој ќе биде многу подобро поврзан а патувањето ќе биде многу побрзо и побезбедно.
Ќе има систем на семафори за контрола на сообраќајот на бродовите и ќе се патува на сличен начин како што е на Панамскиот канал.
0 Comments