Производство на водород од морска вода

Published by admin on

 

Тимот од Пен Стејт (САД) користел мембрани за да ја извлече солта од водата за да помогне во расцепување на молекулата.
Истражувачите пронашле начин да произведат водородно гориво од морска вода, користејќи технологија за прочистување интегрирана во нов дизајн на електролизатор.
Овој метод користи електрична струја за да ги подели молекулите на водата во водородно гориво и кислород.
Идејата зад можноста да се произведе водородно гориво од морска вода е да се олесни напојувањето со производство на зелено гориво преку ветер и соларна енергија.
На овој начин, овие обновливи извори на електрична енергија може да помогнат за производство на ваков вид на гориво што може да се складира и транспортира, тврди Брус Логан, професор по инженерство на животна средина и професор на универзитетот Еван Пуг.
Водородот е одлично гориво, но мора да се произведи, а единствен одржлив начин тоа да се направи е да се користи извор исклучиво од обновлива енергија .
Најдобро е да се користи вода што луѓето не сакаат да ја користат за други работи, а тоа би била морската вода.
Значи, светиот грал за производство на водород би бил да се комбинираат морската вода, ветерот и сончевата енергија што се наоѓаат во крајбрежните средини.
Солта од океанската вода мора да се отстрани пред да може да влезе во електролизаторот.
Десоланизацијата е скап процес, што значи дека овој извор од вода немал многу привлечност за традиционално производство на водород.
Ако солта се остави на местото за време на електролизата, хлоридните јони се претвораат во токсичен гас на хлор, што ја оштетува опремата и околината.
Со цел да се спречи таквата штета, истражувачкиот тим користел танка, полупропустлива мембрана.
Мембраната е употребена за раздвојување на реакциите што се случуваат во близина на две потопени електроди – негативно наелектризирана катода и позитивно наелектризирана анода, кои се поврзани преку надворешен извор на електрична енергија. Откако ќе се вклучи електричната енергија, водата се распаѓа во близина на анодата, ослободувајќи протони (водородни јони) т.е. водородно гориво од морската вода.
Од таму, протоните минуваат низ мембраната до катодата каде што се комбинираат со електрони и формираат водород.
Во оваа Енергетска Револуција се прават напори за добивање на енергија од сите возможни потенцијални извори кои можеме да ги ставиме во наша функција и ни служат во бесконечно време на користење, по многу пониски цени отколку што ги добиваме од фосилните горива.
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

%d bloggers like this: