Најновите светски анализи ги споредуваат нивелираните трошоци за енергија за различни технологии од најновата генерација, кои се базираат на USD/MWh, каде покажуваат дека обновливите извори на енергија, поточно соларните и ветерните системи се економски фаворити на инвеститорите.
Извештајот се состои од компаративна анализа на трошоците за енергија за различни технологии, вклучувајќи ги државните даночни субвенции, цените на горивата, цените на јаглеродот и трошоците на капиталот.
Без да се земат во предвид било какви субвенции, цените на горивата, јаглеродот, соларните системи со кристален силициум, како и ветерот имаат најниски трошоци од сите разгледувани извори.
Според тоа анализата покажува дека трошоците за работа како и трошоците за изградба на нови објекти од обновлива енергија, наспроти работењето на постојните фосилни и нуклеарни системи, е неспоредлива од економски аспект во корист на обновливата енергија, а да не се набројуваат низата на еколошки причини во загадувањето на човековата околина и воздух кој сите ние го дишеме и бесповратно ги уништуваме нашите организми.
Хемиски инженери од École polytechnique fédérale de Lozanne (EPFL) развија транспарентна, порозна и спроводлива електрода на соларна енергија, која користи влезен проток на влажен воздух за производство на H2. Подлогата на електродата е тродимензионална мрежа Read more…
Европската вселенска агенција (ESA) преку проектот SOLARIS ги истражува сите иновативни технологии кои можат да се користат за примена на сончевата вселенска енергија во пракса, односно безжично пренесување на која било област на Земјата. Еден Read more…
Професор по хемија пронашол начин да го активира процесот на фотосинтеза во синтетички материјал, претворајќи ги стакленички гасови во чист воздух и истовремено произведувајќи енергија. Процесот има голем потенцијал за создавање технологија која би можела Read more…
0 Comments