Подводна агрикултура

Published by Zoran Mitreski on

Многу луѓе под поимот агрикултура замислуваат плодни полиња каде се одгледуваат разновидни култури. Сепак, одгледувањето култури може да има многу форми кои италијанските научници успеале да ги претворат во нешто сензационално. Успеале да ја изградат првата подводна градина во која се одгледуваат копнени растенија.
За ова користеле стаклени куполи во кои одгледуваа многу зеленчук, како што се босилек, зелена салата, домати, па дури и цветови од тиквички, зелен грашок, алое вера и печурки.
Одгледуваните култури се добри како да се одгледуваат во нормална градина.
Проектот го доби името градината на Немо, кој го реализираа научниците од истражувачкиот тим на „Океански гребен“. Климатските промени во последните децении предизвикаа многу места во Италија да имаат таква суша што придонесе да се оневозможи одгледување на било каква култура во тие региони. Градината Немо е проект кој е речиси самоодржлив и неговата конструкција е променлива во однос на потребите.
Истражувачкиот тим дури постави камери во близина на подводната градина за да го следи растот на живите култури. Биосферите се наоѓаат на 8 метри под нивото на морето, во близина на брегот на Ноли во Лигурија.
Работата на биосферите бара мала количина на електрична енергија, која се обезбедува директно од сонцето преку фотонапонски системи. Во нив повратно се користи испарената вода, која се кондензира на таванот од стаклените куполи, и е извор на вода за секое растение.
Зголемениот притисок под нивото на морето не им штети на растенијата, туку напротив има свои придобивки, поради поголемиот притисок, тие ‘ртат и растат многу побрзо.
Овие невообичаени услови го прават вкусот на посевите поизразен.
Растенијата одгледувани под нивото на водата не се загрозени од штетници или човечка активност. Во моментов, тоа е првенствено лабораторија за истражување, но во иднина може да биде начин за одгледување култури што ќе обезбеди снабдување со храна за многу луѓе.
Консултација, Проектирање, Изведба и Одржување на Соларни Системи
Контакт: 075 480 380
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *