Пловечки PV систем

Published by admin on

Најголемиот германски пловечки PV систем има капацитет од 750 kW, кој е инсталиран во јули 2019 год. инициран од операторот на фабриката за чакал Армин Осола заедно со регионалниот давател на енергетски услуги Ердгас Сидвест, кој само после една година експлоатација се докажа во секој поглед, и инвестицијата од околу еден милион евра одлично се исплати затоа што произведе енергија повеќе отколку што се очекуваше.
Планот беше да се произведат 800,000 kWh зелена енергија годишно, а оваа бројка достигна 860,000 kWh, со заштеди на СО2 кои изнесуваат 560 тони.
Ваков вид на изведба на вода е многу поефикасен отколку изведбата на земјена површина. Модулите ги издржаа сите екстремни услови за овој претходен период, силни ветрови на над 100 km/h, екстремни бури итн.
Поради ладењето на модулите од водата, производството на ел. енергија е многу поефикасно.
Во многу земји каде има недостаток од земјена површина се изведуваат инсталации на водни површини, додека кај нас имаме на располагање во изобилство на неискористени земјени и покривни површини кои се идеални за изведба на ваквите системи, ама…
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *