Пакистан сака да гради соларни централи над канали

Published by Zoran Mitreski on

Пакистанскиот регион Пенџаб планира да изгради соларни централи над каналите на неколку локации. Сега се бараат експерти да спроведат физибилити студија и да ги идентификуваат потенцијалните локации.
Владата на Пакистан планира да изгради соларни централи над површината на каналите распространети низ регионот Пенџаб, каде се сместени неколку системи за наводнување.
Одборот за развој на енергетика во Пенџаб моментално бара консултанти да спроведат физибилити студија за распоредување соларни централи на канали распоредени низ Гуџранвала, која е административна област во северен Пенџаб, и во каналот Рах, кој е дел од каналот Долен Ченаб, во Гујранвала и завршува во Самундри, во областа Фаисалабад.
Пенџаб има една од најшироко распространетите каналски мрежи во регионот кои се одлично решение за инсталирање на соларни панели, со што се избегнува користење на скапо земјиште за производство на електрична енергија неопходна за регионот.
Генерираната електрична енергија ќе ја користат блиските населби и индустриски зони.
Избраните консултанти ќе треба да ги земат во предвид сите парцели како и помали канали кои се соодветни за производство на соларна енергија со соодветна енергетска инфраструктура лоцирана во близина.
Според една неодамнешна студија од Универзитетот во Калифорнија, Санта Круз, во Соединетите држави, соларните канали се веќе конкурентни со соларните системи монтирани на земја. Соларните постројки на канали веќе се успешно изградени во Индија, каде што оваа технологија покажа дека сончевата енергија исто така може да се генерира енергија без да се окупира земјиште и, во исто време, да се намали испарувањето на водата.
Консултација, Проектирање, Изведба и Одржување на Соларни Системи
Контакт: 075 4800 380
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *