Одгледување на егзотични плодови со помош на геотермална енергија во Небраска

Published by Zoran Mitreski on

Во Алијанс – Небраска, зимите се студени и ветровити. Но, со децении, пензионираниот земјоделец Рас Финч одгледува тропско овошје во текот на целата година, без енергетски интензивен систем за греење.
„Имаме 13 варијанти на цитрус: лимони, лимес, тангелос, мандарини, итн.“, вели тој.
Финч  ја загрева својата стаклена градина со геотермален систем што ги искористува постојаните температури од осум метри под земја.
Тој првпат експериментираше со геотермална енергија пред 40 години кога го градеше својот дом. Тој смисли систем што го влече воздухот од подземните цевки каде што има 52 степени Целзиусови преку целата година.
Експериментот функционираше толку добро, што тој инсталираше сличен систем и во неговата стаклена градина.
Вентилаторите го циркулираат воздухот, а тие се единствениот дел од системот што користи електрична енергија. Значи, тоа е добро за климата во стакленикот, а Финч вели дека за одржување на одгледувањето во стаклената градина трошоците се помалку од еден долар на ден.
Финч има скоро 90 години и сè уште одгледува овошје во својата градина во текот на целата година.
Сега тој им помага на повеќе луѓе да го направат истото. Продава геотермални комплети за изградба на стаклена градина, така што другите мали земјоделци можат да одгледуваат тропски плодови и во снежните периоди.
КОНСУЛТАЦИЈА, ПРОЕКТИРАЊЕ, ИЗВЕДБА И ОДРЖУВАЊЕ НА СОЛАРНИ СИСТЕМИ
Контакт: 075 480 380
zmitreski@efixelectrical.com.mk
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

%d bloggers like this: