Обоени фотоволтаици во фасадна функција

Published by Zoran Mitreski on

ОБОЕНИ ФОТОВОЛТАИЦИ ВО ФАСАДНА ФУНКЦИЈА
Истражувачите од Фраунхофер Институтот за системи за соларна енергија развија нов процес на обложување за производство на соларни модули во боја.
При интегрирање на фотоволтаиците како обвивка на зградите, архитектите првенствено се занимаваат со естетиката. Модулите мора да ги исполнуваат дизајнерските идеи на архитектите. Главното прашање е слободата на обликот, големината и, пред сè, бојата.
Соларната индустрија се прилагоди на ова и разви соодветни решенија. На пример, сега постојат секакви можности за производство на обоени модули, кои се користат и во индустријата за стакло. Сепак, како недостаток се појавува соларните модули да губат дел од енергијата поради бојата, така да се наидува на резервираност од страна на сопствениците на зградите.
За да ја срушат оваа бариера, германските научници од Фраунхофер во Фрајбург развија процес за производство на обоени модули без речиси никакво губење на моќноста. Инспирацијата за ова доаѓа од сината морфо пеперутка. Ова е пеперутка со светло сина боја на горната површина на крилата. Бојата не се создава од пигменти, туку со мешање на светлината, односно, тие ја рефлектираат само брановата должина на светлината што е неопходна за боење.
Ова значи дека структурата на површината што ја развија истражувачите, исто така, ја рефлектира само брановата должина на светлината што е неопходна за бојата на модулот.
Тие можат слободно да го приспособат опсегот на бранова должина, а со тоа и бојата.
Облогата се нанесува на долната страна на стаклото на капакот на модулот во вакуумски процес и на тој начин е заштитена од влијанија од околината. Околу 93 проценти од светлината може да помине низ овој слој – само околу седум проценти се рефлектираат и создаваат ефект на боја.
Научниците од Фрајбург развија и метод кој овозможува поестетски изглед поради различниот дизајн на модулот. За таа цел, истражувачите повеќе не користат квадратни соларни ќелии, туку полупроводнички ленти. Тие се наредени во модулот што се преклопуваат за неколку милиметри како покривни ќерамиди. На овој начин се постигнува хомогена оптика на модулот во која соларните ќелии повеќе не светат како поединечни парчиња. Контактните ленти тогаш исто така веќе не се видливи како при стандардните модули.
Консултација, Проектирање, Изведба и Одржување на Соларни Системи
Контакт: 075 480 380
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *