Обединетите Арапски Емирати преферираат обновливи извори отколку фосилни горива
![](https://portal.efixelectrical.com.mk/wp-content/uploads/2021/05/Arab-01.jpg)
Населението на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) е приближно 9,98 милиони луѓе .
Земјата се состои од седум емирати (Абу Даби, Ајман, Дубаи, Фуџаира, Рас Ал Каима, Шарја и Ум Ал Квеин). Во 2019 година, 100% од луѓето во оваа блискоисточна земја имаа пристап до електрична енергија.
Во 2019 година, економијата на ОАЕ беше рангирана на 29-то место во светот по бруто домашен производ (БДП). Економијата на земјата зависи од извозот на сурова нафта, рафинирана нафта, природен гас, злато, дијаманти, накит и парфем.
![](https://portal.efixelectrical.com.mk/wp-content/uploads/2021/05/Arab-02-300x250.jpg)
Во 2016 година, ОАЕ го потпишаа Парискиот договор за клима, со кој се обврзаа да ги „ограничат“ емисиите и да го зголемат учеството на „чиста енергија“ во енергетскиот микс на 24% до 2021 година.
Во 2017 година, ОАЕ ја започнаа националната „Стратегија за енергетика 2050“. Целта на владата е да генерира 50% од електричната енергија на земјата од електраните што генерираат нула емисии на стакленички гасови (обновливи и нуклеарни) до 2050 година.
![](https://portal.efixelectrical.com.mk/wp-content/uploads/2021/05/Arab-03-300x200.jpg)
Неодамнешните проекти (обновливи и нуклеарни) во ОАЕ вклучуваат:
Соларен проект од 800 MW: – Во ноември 2020 година, Управата за вода и електрична енергија на Дубаи (ДЕВА) ја пушти во употреба третата фаза од соларниот парк Мохамед бин Рашид Ал Мактум, кој се наоѓа на околу 30 милји јужно од градот Дубаи.
![](https://portal.efixelectrical.com.mk/wp-content/uploads/2021/05/Arab-04-300x180.jpg)
Соларен проект со 950 MW: – ДЕВА продолжува со работата на 4-та фаза од соларниот парк Мохамед бин Рашид Ал Мактум, кој се предвидува да биде пуштен во употреба во 3-ти квартал од 2021 година.
Проект за соларна енергија од 900 MW: – Во септември 2020 година, претпријатието од Саудиска Арабија, ACWA Power започна со изградба на 5-та фаза на соларниот парк Мохамед бин Рашид Ал Мактум, што се предвидува да биде пуштен во употреба до крајот на годината 2021 година.
Нуклеарен проект од 1.400 MW: – Во декември 2020 година, компанијата „Навах Енерџи“ ја пуштија во употреба нуклеарната централа Бараках, која се наоѓа на околу 150 милји западно од градот Абу Даби.![](https://portal.efixelectrical.com.mk/wp-content/uploads/2021/05/Arab-05-300x200.jpg)
![](https://portal.efixelectrical.com.mk/wp-content/uploads/2021/05/Arab-05-300x200.jpg)
ОАЕ признава дека фосилните горива како нафта и природен гас не се обновуваат и јаглеводородите на нацијата на крајот ќе бидат исцрпени. Целта на владата е да користи обновлива и нуклеарна енергија за домашна енергија, додека нафтата и природниот гас ќе бидат наменети исклучиво само за странски извоз.
КОНСУЛТАЦИЈА, ПРОЕКТИРАЊЕ, ИЗВЕДБА И ОДРЖУВАЊЕ НА СОЛАРНИ СИСТЕМИ
Контакт: 075 480 380
0 Comments