Научниците сами си поставија цел за нов светски рекорд во ефикасноста на соларните ќелии.
Подобрувањето на ефикасноста на соларните ќелии може да направи огромна разлика во количината на енергија произведена на иста површина и иста количина на сонце во добивање на што подобри приноси.
Истражувачите сега достигнаа ефикасност од 29,15% во категорија на сончеви ќелии на перивскиот силициум, што е само една од неколкуте различни типови на клетки.
Во моментов се користат различни технологии за претворање на сончевата енергија во електрична енергија.
На овој вид на панели долгорочната цел од над 30% сега е веќе на дофат со најновите лабораториски тестови кои се добиени со комбинација на перовските/силиконски ќелии.
Тандем соларните ќелии што го спаруваат силициумот со метал-халид перовскиот, се ветувачка опција за надминување на границата на една клетка.
Досега овие ќелии се развивани одделно како полупроводнички материјал за употреба на соларни панели.
Таканаречената тандем-клетка користи два полупроводници кои можат да фатат два различни делови на светлосниот спектар, проширувајќи се над инфрацрвената светлина зафатена од силициумот во видлива светлина, која е повторно заробена од соединенијата на перовските ќелии.
Добра вест е дека комбинацијата со перовскиот и силициумот значително не ги зголемуваат трошоците за изработка на панелите.
Задржувањето на цената е важно за да се добие соларна технологија со што поголема моќ.
Во ова истражување, рекордот на ефикасност од 29,15% беше добиено на панел со димензии 1 cm x 1 cm, така да за редовно производство потребно ќе биде сериозно зголемување на димензијата. После 300 часа стимулирана употреба, тандемската ќелија задржа 95% од својата оригинална ефикасност, што е уште еден одличен ветувачки знак.
Иако за научниците ова е еден момент за славење, сепак не запираат тука, со што веруваат дека со комбинација на тандемската технологија на соларни ќелии треба да се постигне ефикасност далеку над 30%.
Некои од најголемите светски иновации се создадени случајно, а ова можеби е најновото што ќе се додаде на таа листа. Студентка на Универзитетот во Калифорнија во Ирвин случајно открила батерија на полнење која може да Read more…
Хемиски инженери од École polytechnique fédérale de Lozanne (EPFL) развија транспарентна, порозна и спроводлива електрода на соларна енергија, која користи влезен проток на влажен воздух за производство на H2. Подлогата на електродата е тродимензионална мрежа Read more…
Европската вселенска агенција (ESA) преку проектот SOLARIS ги истражува сите иновативни технологии кои можат да се користат за примена на сончевата вселенска енергија во пракса, односно безжично пренесување на која било област на Земјата. Еден Read more…
0 Comments