Наредниот лет до Марс до 2024 година
Елон Маск планира наскоро да го лансира прототипот на космичко летало што може да биде вовед за масовно патување низ вселената.
Старшип како што е познато, ќе биде транспортен космички систем што може да се користи повеќекратно, способен да пренесе до 100 лица до црвената планета.
Приватната компанија за вселенски летови на Елон Маск, Спејс Икс, прави напори да го направи животот мулти-планетарен.
Ова е делумно мотивирано од егзистенцијални закани, како судир на астероид, доволно голем за да го избрише човештвото.
Елон често зборуваше за својот сон да гради градови на Марс, а за тоа е потребно населените места да бидат населени со голем број на луѓе, за да станат самоодржливи.
Остварувањето на овој сон бара возило што е на висина на задачата а Старшип е вселенско летало што може да превезува повеќе од 100 луѓе одеднаш до црвената планета.
Леталото е долго 120 м од кои што на горниот дел од 50 м може да носи големи товари или луѓе, до дестинациите во длабокиот космички простор.
Кон средината на леталото е делот каде се наоѓаат резервоарите за гориво од течен метан и течен кислород кое ќе ги обезбедуваaт шесте мотори Раптор на задниот дел од леталото, кои можат да подигнат вкупна тежина до 100 тони во космосот.
Доколку има потреба може да се надополни со гориво од космички станици кои лебдат околу земјената орбита, со што би имале доволно енергија за продолжување на летот до длабоките космички простори.
Леталото е способно за долги летови до Марс и назад што може да траат до девет месеци. Има можност за инсталација на околу 40 кабини во областа на носивост во близина на предниот дел, каде може да се стават од 2-5 лица во секоја кабина во зависност од потребите.
Во 2020 година Спејс Икс беше награден со 135 милиони USD од NASA за унапредување на дизајнот, за да може да се користи со екипаж за истражување на месечината.
Елон Маск има за цел Спејс Икс да го лансира наредниот лет до Марс во 2024 година.
Некои скептици се сомневаат дека таа негова цел е премногу оптимистична, меѓутоа овој генијалец досега има стекнато репутација дека на крајот сите негови сонови и замисли се реализираат до крај, без обзир колку и да се амбициозни.
0 Comments