Реверзибилното хидро складиштење е неопеан херој во светот на обновливите извори на енергија, кое обезбедува складирање на енергија на супер ниска цена и неверојатно ниско зрачење на штетни емисии, на разни локации низ светот.
Кинеската државна корпорација за мрежи, најголемиот мрежен оператор и електростопанство во Кина, штотуку ја пушти во употреба најголемата пумпа со хидроцентрала во светот.
Тоа е систем од 3.6 GW во провинцијата Хебеј. Името на објектот е електрана со пумпа за складирање Фенгнинг.
Се очекува да обезбеди 6,612 GWh складирање на енергија годишно (18 GWh/ден).
Во големата шема на планираните нешта во енергетиката и покрај тоа што е во овој момент најголемата централа во светот, реверзибилната хидро централа Фенгинг е прилично мала.
Кина планира до 2025 година да има капацитет на пумпано складирање до 62 GW, а до 2030 година 120 GW.
Моментално е на 30.3 GW, врз основа на податоците на Меѓународната агенција на обновлива енергија (ИРЕНА).
За изградбата на Фенгинг потребни беа инвестиции од 1.87 милијарди долари. Изградена е во две фази од 1.8 GW и се состои од 12 комплети за генерирање на реверзибилни пумпи со капацитет од 300 MW секоја од нив поединечно.
Оваа година во Кина се најавени уште неколку вакви големи реверзибилни хидроцентрали, па со право можеме наскоро да очекуваме нов светски рекорд.
Консултација, Проектирање, Изведба и Одржување на Соларни Системи
Хемиски инженери од École polytechnique fédérale de Lozanne (EPFL) развија транспарентна, порозна и спроводлива електрода на соларна енергија, која користи влезен проток на влажен воздух за производство на H2. Подлогата на електродата е тродимензионална мрежа Read more…
Европската вселенска агенција (ESA) преку проектот SOLARIS ги истражува сите иновативни технологии кои можат да се користат за примена на сончевата вселенска енергија во пракса, односно безжично пренесување на која било област на Земјата. Еден Read more…
Професор по хемија пронашол начин да го активира процесот на фотосинтеза во синтетички материјал, претворајќи ги стакленички гасови во чист воздух и истовремено произведувајќи енергија. Процесот има голем потенцијал за создавање технологија која би можела Read more…
0 Comments