Најголемата пловечка фарма на ветер во светот е инсталирана во Шкотска

Published by Zoran Mitreski on

Инсталацијата на најголемата пловечка офшор фарма на ветер во светот, Kincardine Offshore Wind, според АБС, е завршена крај брегот на Шкотска.
Пловечката офшор ветерна фарма со номинален капацитет од 50 MW се наоѓа приближно 15 километри од југоисточниот брег на Абердиншир, во североисточна Шкотска.
Ветерната фарма сместена е во длабочини на вода од 60 до 80 метри. Ветерниот парк се состои од турбина Вестас со моќност од 2 мегавати и пет турбини Вестас од 9,5 мегавати.
Се очекува да произведе до 218 GWh чиста електрична енергија годишно, што ќе биде доволно за напојување на приближно 55.000 шкотски домаќинства.
Пловечката ветерна фарма во Кинкардин се развива од Kincardine Offshore Wind, подружница во целосна сопственост на Pilot Offshore Renewables (POR), додека фирмата Cobra Wind со седиште во Мадрид е одговорна за инженерство, дизајн, снабдување, изградба и пуштање во работа на пловечката фарма на ветер.

Во меѓувреме, конзорциумот Navantia-Windar во Шпанија ги произведе темелите на пловечките ветерни фарми, кои потоа биле транспортирани во Ротердам – Холандија, каде што турбините на ветер биле поставени на темелите.
„Овој возбудлив проект го покажува потенцијалот на пловечките турбини и ние сме убедени дека тие ќе имаат поизразена улога во развојот на одржливата енергија низ целиот свет“, рече Метју Трембле.

Консултација, Проектирање, Изведба и Одржување на Соларни Системи

Контакт: 075 480 380
[email protected]

www.efixelectrical.com.mk

Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *