Никола Тесла е по потекло србин роден во Хрватска во с. Смиљан на 28.06.1856 година од Мајка Ѓука Мандиќ и татко Милутин Тесла.
Неговата биографија е толку обемна што нема смисол да спомнувам детали кои дури ниту денес не се сфатливи за обичниот смртник.
Тој е хуманитарец каков човештвото до денес го нема видено.
Човек кој се одрекол од сите убавини и страсти во животот за да секој свој момент го поклони во технолошки развој и иновации, со чиј благодет и ние го живееме денес нашиот живот онаков каков го знаеме.
Има развиено над 300 патенти со чија помош е променета целата дотогашна човечка цивилизација, од кои иновации во денешно време се познати како регистрирани само 278, додека за другите нема ниту траг ниту официјално познат запис. Се претпоставува дека се ставени во некои безбедносни сефови, кои ќе бидат дел по дел откривани низ времето во иднината.
Поголемиот дел од патентите се регистрирани во Америка, Канада и други 26 земји на глобално ниво, со кои го задолжи човештвото какво денес го знаеме со оние проекти кои се водат како официјално објавени.
Можеше да биде најбогатиот човек на планетата на сите времиња, меѓутоа наместо материјалниот свет, него го интересираше само научниот, кој и до денес за сите нас изгледа како научна фантастика.
Многу од неговите проекти биле откривани на дневното светло дел по дел низ времето, а некои можеби ќе бидат појавени после неколку стотини години кога човештвото ќе биде созреано да ги прифати, или пак ќе бидат објавувани дел по дел кога една технологија ќе биде надмината за да биде заменета со нова, под услов да постои можност на владина контрола за оданочување.
Неговиот живот го посвети во пронаоѓање на енергетски извори за бесплатна енергија, ама како изгледа ќе помини уште доста долго време додека потполно излезиме од канџите на енергетските моќници и слободно ја користиме бесплатната енергија која е насекаде околу нас и ќе биде околу нас уште многу други милиони години.
Иако користејќи дел од неговите оригинални изуми, тој не го живееше благодетот од нивната вредност и богатство, ама како изгледа низ историјата многу мангупи одлично финансиски се офајдија од нивната практичност.
Неговата старост ја помина во голема сиромаштија, во длабоки долгови на сите страни, живеејќи осамен во својата соба бр. 3327 во Hotel New Yorker каде згасна и неговиот живот на 86 годишна возраст на 07.01.1943 година под многу чудни околности кои никогаш не беа разјаснети.
Неговата погребна поворка беше невидена во историјата дотогаш низ целата планета.
Денес неговите посмртни останки се наоѓаат во музејот Никола Тесла во Белград.
Некои од најголемите светски иновации се создадени случајно, а ова можеби е најновото што ќе се додаде на таа листа. Студентка на Универзитетот во Калифорнија во Ирвин случајно открила батерија на полнење која може да Read more…
Хемиски инженери од École polytechnique fédérale de Lozanne (EPFL) развија транспарентна, порозна и спроводлива електрода на соларна енергија, која користи влезен проток на влажен воздух за производство на H2. Подлогата на електродата е тродимензионална мрежа Read more…
Европската вселенска агенција (ESA) преку проектот SOLARIS ги истражува сите иновативни технологии кои можат да се користат за примена на сончевата вселенска енергија во пракса, односно безжично пренесување на која било област на Земјата. Еден Read more…
0 Comments