Во септември, владата на Западна Австралија покани за изразување на интерес за изведба на комбиниран 1.5 MW соларен – ветерен – водороден систем во стратешката индустриска област Окаје, за кое се заинтересирани 65 компании од целиот свет за производство на обновлив водород од зелените полиња на Окаје, во близина на север од Џералдтон.
Раните проценки на обновливите извори ни сугерираат дека неговиот потенцијал од ветер и соларна енергија од светска класа, може да обезбеди до 270 MW ветер и 1,25 GW PV. За да се стави ова во контекст, Ад Ван Вијк, професор по идните енергетски системи на ТУ Делфт во Холандија, проценува дека се потребни 25 GW соларна енергија за да се создаде 1 милион тони водород годишно.
Поради атрактивноста на проектот се заинтересирани меѓународни компании како од Австралија, Јапонија, Јужна Кореа, Индија, Германија, Шпанија, Велика Британија, Франција и САД.
Околу 16% од овие подносители изразија желба да развијат цел синџир на снабдување од почеток до крај, како и извоз на зелен водород, додека другите изразија интерес за снабдување на одделни делови од синџирот на снабдување како што се технологија, комунални услуги, производство и финасии.
Глобалните економии се гладни за чиста и обновлива енергија а во овој дел од Западна Австралија гледаат совршен спој на ветер и соларен потенцијал на кој му завидува светот.
Државата инвестира за развој на државниот сектор за обновливи водородни системи со инвестиција од 21.7 милиони USD.
Некои од најголемите светски иновации се создадени случајно, а ова можеби е најновото што ќе се додаде на таа листа. Студентка на Универзитетот во Калифорнија во Ирвин случајно открила батерија на полнење која може да Read more…
Хемиски инженери од École polytechnique fédérale de Lozanne (EPFL) развија транспарентна, порозна и спроводлива електрода на соларна енергија, која користи влезен проток на влажен воздух за производство на H2. Подлогата на електродата е тродимензионална мрежа Read more…
Европската вселенска агенција (ESA) преку проектот SOLARIS ги истражува сите иновативни технологии кои можат да се користат за примена на сончевата вселенска енергија во пракса, односно безжично пренесување на која било област на Земјата. Еден Read more…
0 Comments