Колектор на пареа зафаќа чиста вода за повторна употреба во електрани

Published by Zoran Mitreski on

Електраните со нуклеарно и фосилно гориво трошат огромни количини на вода за ладење, кои потоа се губат како водена пареа. Инженерите на МИТ развиле систем кој може да ја фати и рециклира изгубената вода, која потоа се враќа назад во другите системи за кои е потребна вода, како што се ладење или топлење.
Големите облаци од бела пареа се вообичаена глетка околу електраните, но иако е малку олеснување добро е да се знае дека не се работи за јаглерод диоксид или, уште полошо, за стакленички гасови, туку тие ја претставуваат потрошената количина на вода.
Претходните технологии дизајнирани да собираат вода од магла или пареа обично се потпираат на материјали со голема површина на кои капките вода можат да се држат. Технологијата МИТ го прави и ова, но презема поактивна улога.
Најпрво капките поминуваат низ јонски зрак за да им се даде електричен полнеж, а потоа минуваат низ жичани мрежи кои имаат спротивен полнеж. Тоа значи дека капките се силно привлечени кон решетката, каде што се собираат и паѓаат во долниот дел во собирен сад.
Откако серија лабораториски тестови покажаа дека концептот работи, тимот го тестираше системот во две истражувачки централи на МИТ, едниот напојуван со природен гас, а другиот со нуклеарна енергија. Во двата случаи, водените облаци скоро исчезнаа, а заробената вода беше исклучително чиста – до 60 пати подобра од онаа што вообичаено влегува во системот за ладење на електраната, и околу 10 пати почиста од обичната вода за пиење.
Во поголемите постројки каде што се внесува оваа заробена вода, тимот вели дека системот треба да може да ја намали потрошувачката на вода за дури 20 проценти. Прочистената вода може да се врати назад во општото снабдување со вода.
Консултација, Проектирање, изведба и Одржување на Соларни Системи
Контакт: 075 480 380
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *