Француската компанија Селеват и инженерската компанија Мекојит, градат нов соларен парк од 250 kW во југозападна Франција. 746 соларни панели се инсталираат на структура од 600 парчиња сурово дабово дрво обезбедено од околните шуми, за да се промовира локалното вработување и регионалниот природен ресурс.
Ова е првиот познат досега пример во светот на соларна централа со нетретирана, непреработена дрвена подлога, која може да се сечи онолку колку е точно потребно за да на нерамниот терен се добие бараниот агол и азимут према траекторијата на сонцето.
Проектот се гради без јавна подршка и ќе се продава струја на француската енергетска фирма Енеркоп по цена од 0.08 евра/kWh.
Стабилноста на панелите ќе се проверува на секои три години со визуелна проверка на отпорноста на дрвото, а генерален ремонт ќе се изврши за време на десетгодишното одржување.
Некои од најголемите светски иновации се создадени случајно, а ова можеби е најновото што ќе се додаде на таа листа. Студентка на Универзитетот во Калифорнија во Ирвин случајно открила батерија на полнење која може да Read more…
Хемиски инженери од École polytechnique fédérale de Lozanne (EPFL) развија транспарентна, порозна и спроводлива електрода на соларна енергија, која користи влезен проток на влажен воздух за производство на H2. Подлогата на електродата е тродимензионална мрежа Read more…
Европската вселенска агенција (ESA) преку проектот SOLARIS ги истражува сите иновативни технологии кои можат да се користат за примена на сончевата вселенска енергија во пракса, односно безжично пренесување на која било област на Земјата. Еден Read more…
0 Comments