Кенија има поголема соларна моќност од Македонија

Published by admin on

Кенија објави тендер за замена на 23 дизел мини мрежи со соларни системи.
Кениската енергетска компанија KPLC има намера да изврши реконструкција на 23 дизел мини мрежи со додавање на генератори на ветер и соларна енергија, а како единствена опција со соларна инсталација е достапна само за 21 од избраните станици.
До крајот на 2019 година, вкупниот инсталиран соларен капацитет изнесуваше 95 MW, според меѓународната агенција за обновлива енергија.
Од моменталните 23 мини централи, кои во моментов имаат единечен капацитет од 50-2,320 kVA, една од нив ќе се замени со енергија од ветерот, други 21 ќе бидат заменети исклучиво само со соларни инсталации, а само една ќе биде интегрирана со хибриден генератор на ветер – соларна енергија.
Проектите се поддржани од Министерството за Енергетика и Нафта, корпорацијата за рурална електрификација и обновлива енергија, и француската агенција за развој Agence française de développement.
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *