Избор на возила со водород или батерии

Published by admin on

 

Најефектните обновливи енергии кои почнаа масовно да се користат низ целиот свет користат гас или течност, додека другите користат батерии на полнење.
И покрај фактот дека електричните возила доживеале многу пошироко прифаќање во јавноста од возилата со водородно гориво, многу истражувачи, инженери, екологисти, како и возачи сметаат дека опцијата со водород е попривлечна за користење.
Фактот дека патничките возила како Тесла, станаа статусен симбол на економика и бизнис престиж, постои растечко движење што ги гледа возилата со водородни ќелии како поперспективна и пореална опција за користење во автомобили со нулта емисија.
Постојат неколку важни причини поради кои многу истражувачи, екологисти и други кои веруваат дека Н2 како обновлива енергија за патнички автомобил е подобра опција отколку возилата со батерии на полнење.
– За Н2 возилата не се потребни значителни промени во животниот стил, додека EV бара полнење што може да потрае значително подолго време (околу 80% од полнењето за половина час). Ова може да се одвива само на станиците за полнење компатибилни со марката на автомобилот, како и во домашни услови.
– Подолгите патувања бараат дополнително планирање. Автомобилите со погон на Н2 помалку ја оптоваруваат електричната мрежа поради која многу земји и региони низ целиот свет за тоа прашање се борат своите електрични мрежи да ги надоградат во чекор со побарувачката на енергија. Автомобилите на водород не ги оптоваруваат овие мрежи, и имаат поголем опсег на возење.
– Типичното електрично возило како што е Тесла, има максимален опсег од нешто околу од 320 милји (500 км), со ветување за скоро подобрување до 400 милји (636 км), слично на опсегот со едно полнење како и бензиските возила. Меѓутоа, возилата со погон на Н2 веќе постигнуваат опсег поголем од 500 км со едно полнење на резервоарот.
Овие факти кога ќе се комбинираат со значително пократкото време на полнење во корист на Н2 возила, опсегот на возење се проширува на одредено време. Воедно постои поголема практичност за поголем опсег на возилата со водородни ќелии кои може да се користат освен кај патничките возила, до тешки индустриски или рударски возила, возови, автобуси а истражувачите напорно работат за интегрирање на овие системи и во авионите.
Во секој случај овие два обновливи извори се водачи за смерот на иднината на средствата за патниот сообраќај на копно, вода или воздух.
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

%d bloggers like this: