Напредокот во транспарентните соларни ќелии значи дека наскоро можеби ќе можеме да ги инсталираме во прозорци и пластеници. Но, во вториот случај, дали тие ќе ги лишат растенијата од виталнатa сончева светлина?
За да откријат, истражувачите од Државниот универзитет во Северна Каролина одгледувале зелена салата под различни бранови должини на светлината и откриле дека растенијата добро се снаоѓаат.
Органските соларни ќелии се појавуваат како одржлив систем за обновлива енергија, благодарение на голем број предности. Тие можат да бидат пофлексибилни од другите технологии, да се направат транспарентни или полутранспарентни, а брановите должини на светлината може да се прилагоди.
Овие органски соларни ќелии би можеле да фаќаат одредени бранови должини на светлината, а сепак да дозволат дел од нив да помине низ растенијата под нив.
Истражувачите одгледувале зелена салата од црвени лисја во пластеници 30 дена, која што успеала да достигне до целосна зрелост.
Различните групи на зеленчуци беа изложени на исти услови на растење, како што се температура, вода, ѓубриво и концентрација на СО2, но единствената мала разлика при развојот беше само поради различноста од брановата должина на светлината.
Потоа, тимот следеше неколку знаци на здравјето на растенијата, вклучително и бројот и големината на лисјата, тежината, колку CO2 апсорбираат и нивото на антиоксиданти што ги содржат. И можеби изненадувачки, излегува дека марулите напредувале, без оглед на тоа каков вид на светлина добиле.
„Не само што не најдовме значајна разлика помеѓу контролната група и експерименталните групи, туку и не најдовме некоја значајна разлика помеѓу различните филтри“, вели Брендан О’Конор, автор на студијата.
Некои од најголемите светски иновации се создадени случајно, а ова можеби е најновото што ќе се додаде на таа листа. Студентка на Универзитетот во Калифорнија во Ирвин случајно открила батерија на полнење која може да Read more…
Хемиски инженери од École polytechnique fédérale de Lozanne (EPFL) развија транспарентна, порозна и спроводлива електрода на соларна енергија, која користи влезен проток на влажен воздух за производство на H2. Подлогата на електродата е тродимензионална мрежа Read more…
Европската вселенска агенција (ESA) преку проектот SOLARIS ги истражува сите иновативни технологии кои можат да се користат за примена на сончевата вселенска енергија во пракса, односно безжично пренесување на која било област на Земјата. Еден Read more…
0 Comments