Иднината на градежништвото се случува денес

Published by admin on

 

MY PV, компанија за давање на решенија за соларно – електрично производство за ладење и греење, гради нов објект во Сиернинг – Австралија, каде во објектот се интегрирани решенија за сончева енергија од фасадата и покривот кои ќе обезбедуваат енергија за ладење и греење.
Со површина од 900 м2. зградата нуди доволно простор за понатамошно проширување на компанијата.
MY PV исто така го имплементира новиот стандард преку соларната конструкција и снабдување со соларна електрична енергија, што компанијата го спроведува со сопствени решенија.
Соларниот систем не е планиран и имплементиран како додаток на зградата, туку димензиите на дизајнот се темелат врз основа на димензиите спрема соларните модули, така да компанијата ја гради конструкцијата како надворешна обвивка околу соларниот систем.
„Таков пристап досега не бил забележан. Ние сме пред своето време и поставуваме нови трендови“, убедливо тврди извршниот директор Герхард Римплер.
На овој начин фасадата постанува основа и подконструкција за дел од модулите, со тоа што источните, јужните и западните делови од покривот и фасадата се покриени со модули кои директно придонесуваат за напојување на електричните потреби за објектот.
MY PV успева да интегрира скоро 300 соларни модули преку својот оригинален дизајн, со вкупна моќност од околу 100 kW, кои ќе покриваат дел од енегетските потреби на објектот.
Со оваа моќ не се обезбедуваат потребите само за производство, туку и за канцелариите, и просториите за рекреација, кои се обезбедени со енергија за ладење, греење и снабдување со топла вода.
Системот е видливо инсталиран во продажниот дел од објектот, така посетителите ќе можат да го следат процесот и инсталираната технологија од почеток до крај.
Енергетската одржливст и пријатната работна атмосфера на вработените се исто така важни во сегментот на процесот на планирање на идните проекти, преку големите прозорци и транспарентноста на модулите кои овозможуваат пријатна атмосфера и добро осветлување.
Кон ова е додадена ефективната звучна изолација, која спречува емисии од бучава од производството од другите производствени простории.
Новиот објект е планиран да се заврши до 2021 година, кој напреден дизајн ќе и овозможи на компанијата да го зголеми тројно корисниот простор за своите канцеларии, производство, магацин и инстражување.
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *