И топилниците почнаа да се потпираат на соларна енергија

Published by admin on

Индустрискиот сектор за производство и преработка на железо и челик е најголемиот индустриски извор на загадување на климата.
Челичарницата во Пуебло – Колорадо ќе биде прва во северниот дел од САД, што скоро потполно ќе се потпре на сончевата енергија.
Проектот Bighorn Solar, со капацитет од 300 MW, развиен од Lightsource bp се наоѓа на земјиште од фирмата која што договори пакет финансирање од 285 милиони долари.
Xcel Energy, како снабдувач на електрична енергија за челичарницата, ќе ја купи енергијата произведена од соларната фарма според долгорочен договор со Lightsource bp.
Договорот за соларниот проект беше склучен минатата година, откако Евраз (руски конгломерат за челик и рударство), најголемиот купувач на електрична енергија во Колорадо, се закани дека ќе се исели од државата ако не се прифатат нивните нови повисоки цени и услови.
Повеќе од 700.000 соларни двофацијални панели, поставени на тракери од Nextracker на површина на 1.600 хектари земја, можат да обезбедат над 90% од енергетските потреби на централата при врвно производство.
Фабриката претвора рециклирано старо железо во чист челик, вклучувајќи го и производството на најквалитетни железнички шини во светот.
Lightsource bp има изградено или финансиски затворено на повеќе од 900 MW инсталирани соларни системи инсталирани до 2021 година, а планирани се уште 1.000 MW нови системи.
Македонија во однос на Колорадо има повеќе од фантастични услови за масовна изградба на овие системи, доколку банките и системот овозможат пофер услови кои владеат во многу напредни земји.
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

%d bloggers like this: