Хуманоидните роботи засега во служба на човекот
Сите знаеме за Софија, социјален хуманоиден робот, кој е доста елоквентен робот благодарение на нејзиниот систем за вештачка интелигенција и системско надоградување.
Во 2017 година, роботот – способен да имитира човечки гестови и изрази на лицето – стана првиот робот што доби државјанство на која било земја.
Сега, Хансон Роботикс, компанија со седиште во Хонг Конг, која стои зад Софија, планира годинава да ги произведе своите четири роботски модели, вклучително и Софија, за да им помогне на луѓето за време на пандемијата.
За време на презентацијата во лабораторијата на компанијата, самата Софија рече дека социјалните роботи како неа можат да бидат вклучени во грижата за болните или постарите лица, бидејќи тие се во состојба да комуницираат, да даваат терапија и да обезбедат социјална стимулација, дури и во тешки ситуации.
Дејвид Хансон, основачки директор на компанијата, рече дека пандемијата на коронавируси покажала потреба за поголема автоматизација за безбедноста на луѓето.
Според Ројтерс, компанијата објаснува дека роботите не само што можат да дадат решенија во здравството за време на пандемија, туку можат да им помагаат и на клиентите во индустрии како што се малопродажба и авиокомпании.
Бидејќи другите роботи како Софија на Хансон Роботикс изгледаат хуманоидно, тие можат да бидат толку корисни во овие периоди каде што луѓето се страшно осамени и социјално изолирани, истакна нејзиниот креатор, кој има за цел да продаде „илјадници“ роботи во 2021 година, во сите големини и видови.
Софија е опремена да одговара на одредени прашања и да се вклучува во едноставни разговори.
Камерите се вградени во очите на Софија и заедно со компјутерски алгоритми, таа може да ги гледа работите.
Роботот е дизајниран да постанува попаметен со текот на времето, може да следи лица, да одржува контакт со очите и да препознава луѓе.
Хансон Роботикс оваа година ќе ги претстави и другите роботи наречени: Грејс, Пепер и Бостон Динамикс, дизајнирани специјално за здравствениот сектор.
0 Comments