Хидропанел со соларна енергија собира до 10 литри вода за пиење дневно од воздух

Published by Zoran Mitreski on

Околу 40% од домовите во Навахо народот немаат пристап до чиста вода за пиење.
Луѓето треба да возат од своите рурални домови во градовите кои се доста оддалечени, за да ја купат целата вода што им е потребна за готвење, пиење, чистење и за добитокот, бидејќи нема инфраструктура за да се донесе преку цевки. На населението на Навахо му треба пристап до безбедна вода за пиење без потреба да патува за да ја добие.
Производителот на технологијата SOURCE HYDROPANEL со седиште во Аризона – соработуваше со локалните влади на Навахо и Навахо Пауер, корпорација од јавен интерес, за да инсталираат првични системи за чиста вода за брз пристап до домаќинствата на Навахо.
Оваа технологија може да собере до 10 литри чиста, безбедна вода за пиење дневно од воздухот, без трошоци за населението.
Хидропанелите ја користат моќта на сонцето за да апсорбираат водена пареа од воздухот. Користејќи соларен модул, се внесува во системот амбиенталниот воздух преку вентилатори, се собира водена пареа од тој воздух со помош на хигроскопски материјал кој апсорбира вода.
Овој материјал помага за кондензација на водена пареа и нејзина трансформација во течност, која за складира во резервоарот на опремата.
Собраната вода е минерализирана, што гарантира идеален вкус и состав за широка намена.
Водата потоа се испраќа до чешмите која е веќе подготвена за нејзино користење.
Во просек, секој хидропанел произведува 90-150 литри висококвалитетна вода за пиење месечно.
Во овој проект за првични демонстрации, 15 домови добија по два панели SOURCE HYDROPANEL. Стандарден пакет со два панели произведува 4-10 литри вода секој ден и има 60 литри капацитет за складирање.
Во моментов, со помош на оваа технологија се снабдуваат со чиста вода за пиење на десетици илјади луѓе во 45 земји преку партнерства со влади, корпорации и развојни организации.
Во иднина, можно е хидропанелите да се инсталираат во мали станбени куќи и на училишни покриви, постанувајќи голем систем што гарантира квалитетна вода за целата заедница.
„Има илјадници домови без вода, и ова е најекономичен пристап за добивање чиста вода на овие семејства“, вели Клара Прат, претседател на Навахо Пауер. Стандарден систем со два панели кошта околу 4.000 УСД, плус уште 500 УСД за инсталација.
Консултација, Проектирање, Изведба и Одржување на Соларни Системи
Контакт: 075 480 380
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *