Големите нафтени компании инвестираат во геотермални извори

Published by admin on

БРИТИШ ПЕТРОЛ и ШЕВРОН инвестираа 40 милиони долари во канадски стартап, кој тврди дека развил уникатен начин за извлекување на енергија од геотермална топлина, користејќи систем на течност без напојување, кој веќе работи во Алберта.
Сонцето и ветерот се прилагодливи обновливи извори, но произведуваат енергија само кога ветерот и сонцето се активни, а не кога и се потребни на енергетската мрежа.
Хидро енергијата може подобро да одговори на побарувачката, но сепак и таа е зависна од издашноста и протокот на изворите.
Постојат различни геотермални проекти со различна топлинска енергија, кои можат да генерираат топлинска енергија од врела карпа на флексибилен начин спрема потребите.
Според извршниот директор на ЕВОР Џон Редферн оваа енергија губи од 50-80% од својата топлинска енергијата што се создава при процесот на помпање на водата нагоре и надолу.
Идејата е по принципот на термо – сифон кој е неверојатно едноставен: топлата вода во тунелот се крева нагоре а од другата страна ладната вода се спушта надолу.
Тунелот се спушта неколку километри длабоко во Земјата каде што карпата е жешка, а потоа тече низ паралелни хоризонтални тунели низ карпата, каде водата постанува прилично жешка.
Сите тунели повторно се поврзуваат во една целина, која се крева повторно вертикално нагоре.
Топлината се складира на површината и се користи директно како комерцијално греење, или со употреба на традиционален топлински мотор се претвора во електрична енергија.
При процесот водата се лади, по што повторно се враќа во подземни тунели и радијатори кои повторно ја загреваат и ја испраќаат жешката вода назад до површината на првичното место, каде што топлината повторно да се складира, и се така во непрекинат процес.
Фактот дека сето ова се случува во запечатен систем, значи дека штом течноста се движи, поголемата густина на поладна вода ќе ја турне надолу, а помалата густина на топла вода ќе го олесни туркањето нагоре.
Процесот се одвива со мала помош на помпата која ја користи моќта на слободната ветерна енергија, и водата ќе почне да циркулира сама по себе, без никакви загуби на енергија.
Една ваква јама може да произведе доволно топлинска енергија доволна за 16.000 домови со една инсталација, а цената на производство на енергија е 50 долари/MWh.
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *